Домбровскис: Грција нема време за губење

Заменик претседателот на Европската комисија и еврокомесар за еврото и социјалниот дијалог, Валдис Домбровскис, кој денеска пристигнува во посета на Атина, смета дека грчката Влада нема време за губење и треба да пристапи кон реализација на реформите, договорени од неа со меѓунардните кредитори во рамки на третиот спасувачки пакет финансиска помош за земјата, соопшти весникот њуз.ин.
„Работите се едноставни, од Грција се бара да ги исполни договорените мерки“, истакна еврокомесарот за грчкиот весник „Вима“, пренесува БТА.
Во врска со надворешниот долг на Грција, Домбровскис ја спомена неопходноста од продолжување на грејс периодите и роковите за згаснување, но дополни дека од значење ќе биде да се гарантира дека кредитната програма ќе биде на вистинскиот пат кога ќе настапи моментот за рекапитализација на грчките банки.
Еврокомесарот, кој првпат ја посетува Атина, ќе биде придружен од високи службеници на Европската комисија, одговорни за структурните реформи.
Домбровскис ќе има средби со министрите за финансии и за економија и со премиерот Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
