Loading Video...
Фудбал
10. October 2020 - 15:20

Доминантен старт на „Кариоките“ во мундијалските квалификации

Додека низа Европа се играа дуелите во Лигата на нациите, на јужноамериканскиот континент започнаа квалификациите за СП. 
 
Во првиот натпревар од новиот мундијалски квалификациски циклус, репрезентацијата на Бразил забележа убедлива победа над Боливија со 5:0.
 
Маркиљос, Кутињо и Фирмино кој постигна два гола како и Караско кој си постигна автогол беа стрелци на натпреварот што се одигра во Сао Паоло. 
 
Колумбија пак со двата гола на Муриел и еден на Запата славеше над венецуела со 3-0. 
 
Во дуелите од 2.коло кои на програмата се во среда (14 октомври) Бразил ќе гостува кај Перу, додека Колумбија оди на мегдан кај Чиле. 
 
Потсетување дека четирите прво рангирани репрезентации директно ќе обезбедат пласман на светското во Катар, додека петто рангираната ќе игра бараж.