Македонија
12. August 2016 - 13:26

Донација од Охридска банка за настраданите во поплавите

Охридска банка заедно со вработените обезбедија донација за настраданите од поплавите во износ од 600.000 денари.

Како што информираат, дел од донацијата ќе биде ставена на располагање на Црвениот Крст на Македонија, а останатиот дел денеска е директно испорачан од тимот волонтери од Охридска банка Сосите Женерал до најзагрозените од поплавите, жителите на Попово Маало во село Стајковци.  

Донацијата се состои од 350 фротирски покривки, 200 гумени чизми и 4.300 парчиња односно 500 килограми конзервирана храна.