Доналд Трамп во посета на Саудиска Арабија
Американскиот претседател Донакд Трамп денеска ја започнува својата прва официјална посета на една странска земја од стапувањето на функцијата, со престој во саудискиот главен град Ријад.
Трамп, кој рано изутринава отпатува од Вапингтон, при посетата на Саудиска Арабија ќе биде придружуван од сопругата Маланија и од ќерката Иванка.
Саудиска Арабија е повеќедецениски стратешки парнер на САД во реонот на Блискиот Исток, пред се во сферата на одбраната и експлоатацијата на нафта.
Односите меѓу двете земји делумно се влошија по нападите во Њујорк и Вапунгтон на 11 септември 2001 година, откако беше утврдено дека 15 од 19-те напаѓачи се саудиски државјани. Односите целосно се нормализираа во 2003 година, кога Саудиска Арбија стана стратешки партнер на Вашингтон во борбата против Ал Каеда, а од 2014 година земјата е дел и од антиџихадистичката коалиција предводена од САД, која врши воздушни напади врз позициите на групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија. Саудиска Арабија е и еден од главните поддржувачи на сириските бунтовници кои се борат против режимот во Дамаск.
Белата куќа ја оцени посетата на Трамп на Саудиска Арабија како „историска“, најавувајќи дека тој на средбите во Ријад ќе повика на единство во борбата против радикализмот во муслиманскиот свет.
Предвидено е Трамп во Ријад да се обрати на средба на која ќе присуствуваат лидерите на повеќе од 50 претежно муслимански држави, при што, според најавите, ќе нагласи дека борба против екстремизмот претставува „битка меѓу доброто и злото“.
Во рамките на својата прва турнеја во странство, по Саудиска Арабија, Трамп ќе ги посети и Израел и Ватикан, по што ќе учествува на средбите на врвот на НАТО во Брисел и на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) на Сицилија, а ќе се сретне и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со првиот човек на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Ново на Сител
-
Јужнокорејското разузнавање ја потврди информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина
-
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка