Доналд Туск: ЕУ мора да ги напушти своите утопистички соништа

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туски предупреди дека ЕУ мора да ги напушти своите „утопистички соништа“ за уште поголема интеграција, за да може да се справи со евроскептицизмот.
- Наместо утопистичките соништа, европските лидери треба да се концентрираат врз практичните мерки, како што се зајакнувањето на границите и банкарската унија, изјави Туск.
Според претседателот на Европскиот совет, за Европа нема да има ништо полошо доколку триумфираат антилибералите и евроскпетиците, без разлика дали доѓаат од екстремната левица или екстремната десница.
Туск, кој е поранешен полски премиер, одново предупредо и на, како што вели, драматичните поседици од евентуалното излегување на Велика Британија од ЕУ, па ги повика европските лидери да ја насочат својата енергија против оние чија цел е растурањето на Унијата.
Минатиот месец, Доналд Туск им порача на лидерите од Европа дека единствената алтернатива на ЕУ е „европскиот хаос“ и враќањето на старите судири, нетрпеливост и антагонизми.
Претседателот на Европскиот совет остро ја осуди и изјавата на британскиот пратеник и поранешен градоначалник на Лондон, Борис Џонсо, кој сега е преводник на камањата за Брексит, дека европскиот проект наликува на оној на Адолф Хитлер од Втората светска војна.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
-

Со помош на Светска Банка рехабилитирани 103км локални патишта - следува подобрување на хигиената
-

36 милиони денари за СКАДА систем во штипски „Исар“
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
