Донесен новиот Буџет на Општина Аеродром
Буџетот на Општина Аеродром за 2017 година изнесува 18 милиони евра, соопштија денеска од општината. Буџетот бил донесен на вчерашната седница на Советот на Општина Аеродром.
Од него 11 милиони се предвидени за дотации и плати во основните училишта и градинки и за општинската администрација, додека остатокот од седум милиони евра се планираат за реализација на проекти. Половина од седумте милиони се наменети за довршување на почнатите проекти во 2016 година, а другата половина на средствата за нови проекти предвидени за 2017 година.
Меѓу покрупните проекти опфатени во Буџетот за реализација во 2017 година се изградба на нова детска градинка во Ново Лисиче со капацитет за повеќе од 250 дечиња и промена на фасадите на 10 згради со енергетски ефикасни материјали.
Добар дел од буџетот предвидува реализација на инфраструктурни објекти како изградба на комунална инфраструктура и асфалтирање на улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“, „Коста Новаковиќ“ и „Новопланирана 5“, како и краците на улицата „Методија Шаторов - Шарло“, изградба на три нови улици во Индустриска зона (новопланирани 4, 6 и 8), нова улица во Мичурин („Новопланирана“ 7) и изградба на атмосферска канализација во Долно Лисиче.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај
-
Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји