Донесен Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“ во Скопје
Пратениците на денешното продолжение на 107. седница го донесоа Законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцира дека основната идеја за основање на Универзитетот е да се зголеми квалитетот на високото образование, пред се во неколку области од исклучително значење за квалитетот на целокупниот развој на РМ. Кога се говори за неговиот почеток од 2016-2017 година, подвлече тој, се однесува на делот кој веќе функционира, а тоа е воената академија, воздухопловната школа и делот на Институтот за командни и штабни функции, кои исто така веќе се функционални, сега ќе се интегрираат во новиот Универзитет.
- Ангажирани пред се професори од странство, а наставата во најголем дел ќе се изведува на англиски јазик и нема да има големи и масовни квоти за запишување. Интенцијата е да се фокусира во насока на зголемување на квалитетот, а не на хиперпродукција на дипломирани студенти, рече заменик министерот за образование и наука.
За пратеничката Солза Грчева, основањето на Универзитетот, како што рече, е политичи проект без никаква стратегија, што негативно ќе влијание во образованието, а се врши и дополнителен удар на УКИМ.
Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, смета дека намерата со основањето на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје е да се подобрат состојбите и работите во високото образование.
Според пратеникот од ДПА Орхан Ибраим, со основањето на Универзитетот меѓу другото наместо внатрешна интеграција и соживот се прави сегрегација.
Против основањето на овој универзитет е и пратеничката Роза Топузова Каревска.
Ставот на пратеничката група на СДСМ, која не присуствуваше денеска и вчера на собраниската седница, е дека со повлекувањето и повторно пуштање нов закон за формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“, кој опфаќа формирање три факултети повеќе отколку што предвидувал претходниот, ВМРО-ДПМНЕ признала дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование Олга Најденовска е основана и оти работи незаконски.
На дневен ред на седницата се и предлог законите за изменување на законите за високото образование, за основање универзитет во Тетово, за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка.
Пратениците треба да расправаат и за Предлог законот за дополнување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка, и за предложените измени и дополнувања на законите за земјоделство и рурален развој, за полиција, за внатрешни работи, за пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување и за минерални суровини, по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд