Донесени повеќе закони на неколку пленарни седници
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на неколку пленарни седници донесе повеќе законски решенија.
За овие закони, расправата заврши во вторникот, но поради немање кворум гласањето беше закажано за денес.
Во рамки на 11. седница беа донесени измените на Законот за култура, на Законот за регистрирање на готовински плаќања и измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.
Предлог-измените на Законот за заштита од пуштењето кои се на дневен ред на оваа седница, како што најави претседателот на Собранието, ќе бидат разгледани откако ќе поминат на собраниската Законодавно-правна комисија.
Во рамки на 13. седница беше донесен Законот за трговија на зелените пазари, а во рамки на 27. седница беа прифатени измените на Законот за задолжително капитално финансиско пензиско осигурување во прво читање.
Собранието во рамки на 15. седница го прифати во прво читање и Предлог-законот за претстанување на важењето на Законот за национален уметник на Република Македонија.
Ново на Сител
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите
-
Штрајк од први јуни ако не им се исполнат барањата: Вработените во ФЗОМ одржаа предупредувачки протест
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден