Донев: Македонија од следната година ќе се ребрендира како туристичка дестинација
Македонија во почетокот на 2018 година ќе се ребрендира како туристичка дестинација, најави денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Александар Донев.
Донев на промоцијата на европскиот туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола, истакна дека актуелното промовирање на земјата како содржина не ги следи трендовите, а брендот „Macedonia Timeless“ е веќе искористен и во суштина не е туристички.
Догодина, информира, почнува и проектот „Платформа за независни патувачи“ кој, пред се, ќе се однесува на туристите кои сами сакаат да ја креираат својата тура и да си го организираат престојот во Македонија, категорија која досега вооошто не била таргетирана.
- Планираме рибрендинг на Македонија како туристичка дестинација во почетокот на наредната година зашто има огромна потреба од такво нешто. Потребен ни е нов бренд што ќе ги комуницира вистинските потенцијали на Македонија како туристичка дестинација. Тоа, нормално, значи и промена на контентот кој, за жал, не ги прати трендовите, напомена директорот.
Според него, сосема ќе се менува концептот со оглед дека досега националните стратегии за туризмот главно ги изготвувале странски консултантски компании кои многу малку соработувале со локалните туристички работници.
Донев оцени дека „Skopje In your pocket“ надоместува еден јаз што моментно се чувствува во македонскиот туризам.
- Ни недостасува понуда на активности што може да ги практикува еден турист низ Скопје, Охрид, Битола и низ Македонија генерално, а водичот е одлична можност за тоа, истакна директорот, подвлекувајќи дека изборот на денешните туристи е уникатна дестинација која може да понуди единствено искуство.
Првиот број на „In your pocket“ за Скопје, во кој се вклучени и Охрид и Битола, беше испечатен во јуни годинава во 20.000 примероци и се дистрибуираше на повеќе локации низ градовите. Освен во печатена форма, може да се користи како мобилна апликација и да се најде на веб-страницата https://www.inyourpocket.com/skopje. Вториот број, како што беше речено на промоцијата, треба да излезе во декември годинава.
„In your pocket“ е најпознатиот европски туристички водич што го креираат меѓународни тимови на новинари од пред 25 години. На карактеристичен, хомористичен начин, но сурово реални, тие препорачуваат што друго, освен традиционалните места низ земјите треба да се види, посети и доживее. Во деведесетите години креирана е и интернет страницата на водичот, а од 2010-та има и своја мобилна апликација која досега ја симнале 1,6 милиони туристи.
Ново на Сител
-
Зеленски повикува на акција против севернокорејските трупи во Русија
-
ЕК: Македонија треба да донесе закон за здравје на животните согласно новото европско законодавство
-
Извештај на ЕК: Политизацијата во јавниот сектор дополнително ја поткопува довербата во работата на администрацијата
-
Три лица претепани вчеравечер пред ноќен клуб во Скопје
-
Ден на жалост во Србија, тридневна жалост во Нови Сад
-
29-годишната Емилија вчеравечер убиена од нејзиниот сопруг кој штотуку излегол од затвор
-
Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони
-
Митровденска задушница - спомен за починатите