-->
-->
Донирал половина од својот црн дроб на непозната жена а потоа...
-->
Кога Кристофер Демпси одлучил да донира половина од својот црн дроб на непозната жена, не можел ниту да сонува колку таа одлука ќе му го промени животот и во која насока ќе го однесе.
Љубовнаа приказна почнала кога Демпси случајно го слушнал разговорот на Хедер Кругер во текот на паузата на работа во едно место јужно од Чикаго.
Хедер влегла во четвртата фаза на тешкото заболување на црниот дроб. Со болеста се борела две години, а лекарите ѝ рекле дека има мали шанси да ги преживее наредните два месеци доколку не најде донор, пишува „Би-би-си“.
Нејзиното семејство се борело за да пронајде донор, што е особено тешко во САД каде што речиси 120.000 луѓе со години чекаат трансплантација на црн дроб.
Демпси случајно го слушнал разговорот на Хедер за болеста и одлучил да ја запознае и да ѝ понуди помош. Двајцата биле нервозни и преплашени, но во исто време почнала да се развива симпатија помеѓу нив двајца.
Осум месеци по успешната трансплантација, Демпси ја запросил Хедер, се венчале и денес имаат среќен и здрав живот.
– Ниту во најлудите соништа не би помислил дека ќе се венчам со туѓинец на кого одлучив да му го спасам животот – рекол Демпси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот