Дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година пред Владата

Владата денеска на седница ќе го разгледа дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година откако Педлог-буџетот помина на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
За време на расправата во собраниската Комисија, пратениците од мнозинството оценија дека се работи за развоен и социјален буџет со поддршка на евроатланските интеграции, а за опозицијата тој е мегаломански со нереални проекции.
Вкупните приходи во државната каса, според Предлог-буџетот, се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на два процента. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на 2018 година.
Со Предлог-буџетот за 2019 година се обезбедени и средства за зголемување на платите од 5 проценти во одбраната, здравството и образованието.
По разгледувањето на дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година, тој ќе биде испратен до Собранието на усвојување.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
