-->
-->
Дожд цел ден, снег на планините
-->

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 30 л/м2. Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневната температура ќе се движи од два до 10 степени
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до пет степени.
Во сабота претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а во недела ќе преовладува променливо облачно време, посвежо со слаб претежно северен ветер. Во деновите потоа утринските температури по некаде ќе бидат и под нулата, а дневните во постепен пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
-

Мацинка: Приоритет на Чешка е Северна Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ
-

Четири смртни случаи, 36 потврдени и две веројатни случаи на западнонилска треска во државата
-

Јаневска: Рацете на политиката подалеку од образованието
-

Почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, стандардно најголем интерес на Факултетот за медицински науки
-

Мацинка: Чешка сака да се надмине спорот меѓу Скопје и Софија и подготвена е да помогне
-

Аеродром добива второ основно училиште со целосно организирана едносменска настава
-

До среда сончево и многу топло, над 40 степени
