Дожд и благ пад на температурите
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во североисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од шест до 12 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но повремено ќе бидат обилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба кај нас, но за време на викендот, односно сабота и недела, повторно се очекуваат врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во југоисточниот и источниот дел на земјава.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат