Македонија
26. May 2017 - 8:51

Дожд ја потопи Струмица, врне низ цела Македонија

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 6 Крушево, Маврово, Лазарополе, 7 Ѓуриште, Тополчани, 8 Пожаране, 9 Претор, Охрид А., Дебар, Охрид, 10 Берово, Кр. Паланка, Прилеп, Тетово, Куманово, 11 Штип, Битола, Скопје Петровец, Виница, Скопје, 12 Д. Капија, Гевгелија, Струмица, 13 Дојран.
 
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот: 8 Кр. Паланка, 14 Штип, 16 Битола, 17 Дебар, 18 Скопје, Берово, Охрид, 19 Прилеп, 20 Виница, 21 Гевгелија, 22 Тополчани, 23 Д. Капија, 24 Маврово, 25 Претор, Крушево, 26 Тетово, 28 Куманово, Лазарополе, 32 Пожаране, 35 Дојран, 36 Ѓуриште, 71 Струмица.
 
https://
 
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА: Претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места се обилни. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Претежно облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, особено изразен во северните делови.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со сончеви периоди, и со слаб до умерен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Минималната температура од 7 до 13, највисоката дневна прекуденот ќе достигне од 19 до 25 степени.
 
Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, повеќе ќе биде изразен во северните делови. В сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од почетокот на наредната недела се очекува стабилно и потопло време.