Дожд од заталкани куршуми во полошко, за едно деноноќие пет оштетни возила

Неодговорното однесување на одредени сватови на веселби повторно ги загрозува животите и имотите на луѓето во полошкиот регион. Засега нема загубени животи, но регистрирани се повеќе број на оштетувања и едно ранување.
Изминативе 24 часа на поширокото полошко подрачје дошло до оштетување на пет возила од заталкани куршуми. Два случаи се пријавени во Тетово, а два во гостиварското село Чегране. Едно возило денес било пријавено за оштетено во селото Желино.
Од СВР Тетово повторно апелираат до граѓаните да не пукаат на семејните веселби или да користат огнено оружје на собири и други јавни места. Предупредуваат дека глобите се високи, а во одредени случаи лицата кои ќе се решат да користат оружје може и кривично да одговараат.
- Глобите се од 200 до 500 евра, додека зависно од околностите и крајните кривично-правни последици следуваат затворски казни од 1 до 5 односно 10 години. Особено сакам да нагласам и една друга појава која исто е зачестена и исто така е опасна. Приредувањето на огномети на своја рака е спротивно на законот и тоа треба да го вршат специјализирани фирми или поединци, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Изминатава недела, една жена која била на свадбена свеченост во Тетово заврши во болница со рани задобиени од огнено оружје. Поголема среќа имал и еден возач кој по поминување покрај колона со сватови останал без задносто стакло на ватомобилот.
Ново на Сител
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
-

Потребата од згрижувачки семејства е постојана, неопходно е да се зголеми свеста за оваа хумана мисија
