Дождот полека ги полни хидроакумулациите во Струмичко

Врнежите од дожд полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко, од кои, заради сушниот период, во сезоната на наводнување имаше распоред за пуштање вода од по три дена за повеќе атари во регионот.
Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Костадин Стојанов, се уште е рано да се каже кога ќе почне поголемиот прилив на вода во хидроакумулациите, но врнежите, кои почнаа и се најавува дека ќе продолжат, даваат голема доза на оптимизам дека есенва и во зима нивото на водата во акумулациите ќе се зголеми.
-Според вчерашните мерења во најголемата акумулација „Турија“ имаме 11,5 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони. Во „Водоча“,пак вчера се измерени 9 милиони кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода, информираше Стојанов.
Според него, и помалите акумулации „Новоселка“, „Чаушица“, „Иловица“ и „Маркова река„ бргу се полнат.
Инаку, од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и повеќе населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно.
МИА
Ново на Сител
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
-

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
