Доживотен затвор за Алмир Дрпљанин
Скопскиот Кривичен суд денеска му одреди доживотна казна затвор на Алмир Дрпљанин за нападот врз патролата на припадниците на мобилната „Алфа“ единица кај Природно математичкиот факултет во Скопје во ноември 2008 година, во кој беше убиен полицаецот Африм Арифи, а двајца негови колеги останаа тешки инвалиди.
Ова е втора пресуда за овој случај против Дрпљанин, кој во 2010 година во отсуство беше осуден на доживотен затвор за нападот.
По Дрпљанин кој беше уапсен летото 2012 година во Косово, беа распишани неколку меѓународни и поголем број национални потерници за бројни тешки кривични дела извршени во Македонија. Во Македонија беше екстрадиран од косовскиот затвор Дубрава лани во јануари.
Дрпљанин се поврзува и со убиство заради крвна одмазда во скопско Визбегово, за грабеж на Прокредит банка, како и за ограбувањето на возила на Комерцијална банка и на Македонски пошти при што беа одземени големи суми на пари.
Ново на Сител
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
