-->
-->
ДПМ го распиша конкурсот за годишните награди за литература
-->
Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најуспешни литературни остварувања во 2017 година. Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година, на свеченоста по повод одбележувањето на 71-годишнината од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
Наградите ќе ги доделат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, критичари и есеисти, членови на ДПМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ