Драган Николиќ се бори за живот

Лекарите даваат се од себе славниот актер да ја добие и оваа бирка за живот. Драган Николиќ е сместен на ургентното оделение во ВМА, и моментално дише со помош на апарати. Неговата сопруга Милена Дравиќ е многу загрижена, но оптимизмот не ја напушта, па и натаму верува дека славниот Прле и овој пат ќе се извлече.
- Состојбата на Драган не е добра, а лекарите даваат се од себе за да се опорави и повторно да може да дише без апарати. Прогнозите не се најдобри, но Николиќ веќе се најде во слична ситуација минатата година, но излезе како победник. Милена е покрај него и секојдневно му доаѓа во посета, вели извор близок до актерската двојка.
Актерот во текот на минатата година беше сместен во Ургентниот центар поради проблеми со здравјето. Проблеми со здравјето има неколку години поради компликации со дебелото црево и белите дробови. Минатата година по шестмесечно лекување е пуштен дома, а потоа отиде на рехабилитација во Врњачка бања, каде помина повеќе од три недели, и се врати во семејниот дом. Драган Николиќ порано изјави дека сопругата, покрај лекарите му помогнала да се избори со проблемите.
-Многу ми беше полесно да се опоравам, кога Милена е покрај мене, изјави тогаш легендарниот Прле.
Милена Дравиќ минатата година проговори за медиумите за тешкиот период што бил зад нив, не очекувајќи дека грижата за нејзиот сопруг може да се искомплицира.
- Бев посветена само на едно - на Драган да му биде подобро и јас да направам се што е во моја моќ да му помогнам. Да го заштитам неговиот живот, но и неговата уметност. Во еден момент ги замолив медиуите да престанат да пишуваат такви страшни работи и да објавуваат страшни наслови. Драган и јас сме луѓе од ист ков. Ние никогаш не сме биле заштитени. И сега кога гледам некои за кои може да се каже дека се проблематични личности, сепак се заштитени. Ние двајцата толку им излегувавме во пресрет на луѓето. Направивме кариери на многумина и мислам дека не го заслуживме тоа што се случи - рече Милена, која од вчера не се јавуваше на повиците од медиумите.
Ново на Сител
-

Јане Ченто: Пресудата за „27 април“ е донесена врз основа на монтирана постапка со притисоци врз сведоци
-

Мерц: САД се „понижени“ од Иран, веројатно нема крај на конфликтот
-

Кривична пријава за дебрани кои преку измама за наводно лекување на болно дете противправно се стекнале со 3.300 евра
-

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, вознемирувачко ученичко насилство во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Македонија веќе два месеци е пример за начинот како се справува со енергетската криза
-

Мицкоски: Очекувам реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда поради посета на швајцарскиот претседател
-

Мицкоски: Немам и не планирам да имам друго државјанство освен македонското, ако Уставот дозволува може да се ограничи двојното државјанство
