Балкан
21. December 2015 - 21:39

Драган загина на Свети Никола спасувајќи ги трите внучиња - пијаниот возач не ни забележал што направил

Драган загина на Свети Никола спасувајќи ги трите внучиња. 60-годишниот Србин Драган Велјашевиќ настрадал во страшна сообраќајка, во петокот навечер. Тој со својата сопруга, ќеркатаи зетот, како и трите мали внучиња на возраст од 5, 13 и 9 години околу осум часот тргнал со својата мазда на пат. Позади седеле ќерката со зетот и децата.
 
Само што тргнало семејството, позади ги удрил Голф. Повредените веднаш биле пренесени на Ургентен, а децата ги заштитил Драган со своето тело, поради што самиот заминал во смрт. 
 
Возачот на Голфот летал со 100 километри на час и бил под дејство на алкохол. Откако ги удрил, возачот со повеќе од 1 промил алкохол во крвта, поминал како ништо да не се случило.
 
 Ќерката на Драган, Слаѓана има скршени ребра, а неговата сопруга има контузија на главата. Починатиот спречил поголема трагедија.