Македонија
17. March 2016 - 13:07

Драма на „Партизанска“: Пијан возач удри полицаец

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Д. (59) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. Пријавениот, на 12. февруари  во 21.45 часот на ул. „Партизанска“ во Битола, под дејство на алкохол навредувал полициски службеник кој побарал да го легитимира.
 
Истиот во два наврати го стартувал своето патничко моторно возило „Ланд ровер“ со битолски регистарски ознаки  и го удрил полицискиот службеник во пределот на нозете и стомакот.