-->
-->
Драма пред џамија: Во престрелка ранети 8 лица, меѓу кои и девојче
-->
Најмалку осум лица се ранети синоќа при стрелба покрај џамија во јужниот француски град Авињон.
Француската полиција ја отфрли можноста дека станува збор за екстремистички напад, оценувајќи дека веројатно случајот е поврзан со расчистување на сметки меѓу млади лица.
Очевидци наведоа дека еден или двајца вооружени мажи со покриени лица стрелале во лицата кои излегувале од џамијата по синоќешната молитва околу 22.30 часот. Напаѓачите се во бегство.
ТАСС јави дека повредени се четири лица кои стоеле на улицата крај џамијата, како и едно четиричлено семејство кое живеело во близина на Авињон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино
-
Пронајдени шест тела на мигранти близу Сицилија