-->
-->
Драма среде бел ден во Трговскиот „Бисер"
-->
Драма се одвивала вчера среде бел ден во Трговскиот Бисер, на булеварот Јане Сандански во Скопје. Како што денеска соопштува полицијата, засега непознат маскиран разбојник вчера во 13 часот и 30 минути влегол во канцеларија на заложна куќа и од вработената, 22-годишната С.К. најпрвин побарал пари, а потоа извршил пребарување по фиоките при што одзел еден лап топ и избегал.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на насилникот.
-->
-->
-->