Балкан
18. јуни 2016 - 18:53

Драма во Белград: Дунав на Задушница зеде три животи

Дете на возраст од 14 години кое престојувалао на Ада Хуја, исчезна денеска во Дунав. На Ада Циганлија исчезна дете од 12 години, додека од вода е извлечено тело на маж, за кој не се знае како починал.

Екипата на брзата помош излегла на самото место по повикот од полицијата.

Според исказите на очевидци, детето се изгубило во брановите. Потрагата ја започнал нуркачкиот тим на Жандармеријата и успеале да го извлечат безживотното тело на детето.

Истиот ден на Ада Циганлија е пронајден труп на маж. Засега не се знае дали мажот е убиен или се удавил. На Ада Циганлија исто така исчезна 12-годишно дете.