Македонија
6. November 2015 - 13:52

Драма во Кавадарци: Го претепале со палки додека спиел во својот кревет

Во Полициската станица во Кавадарци вчера во 11.00 часот И.Т. (34) од Кавадарци пријавил дека околу 03,00 часот додека бил во својата куќа, повеќе лица влегле во собата каде спиел и физички го нападнале удирајќи го со палки по телото.

На местото на настанот извршен е увид од страна на ПС Кавадарци.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.