Македонија
16. November 2021 - 17:00

Драма во Скопје: Шест лица им влегле дома, ги избоделе и им ја уништиле покуќнината

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(21), М.К.(19), М.С.(42), Б.Џ.(27), Д.И.(27) и Р.И.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

- На 12.11.2021 околу 18.00 часот, пријавените дошле во домот на Б.Ј.(21) на ул.„Морава“, физички го нападнале него и Е.Ј.(38), нанесувајќи им повреди со остар, односно со тврд предмет, а со употреба на предметите оштетиле и дел од покуќнината. Исто така, на 13.11.2021 во 20.00 часот, М.Ј.(28), брат на Б.Ј., пријавил дека бил физички нападнат со тврд предмет од М.К. и М.С., информира МВР.

По преземени мерки полициски службеници ги лишиле од слобода М.С., Б.Џ, М.К., Д.И. и Р.И..