-->
-->
Драма во Струга: Дете избодело дете со џепно ноже
-->

Вчера во 21.50 часот од Медицински центар Струга е пријавено дека кај нив било донесено лице со повреда во пределот на слабината, нанесена од остар предмет со длабочина од 1 см и ширина од 2 см.. На лицето му била укажана медицинска помош и истото ќе биде задржано за натамошно следење на неговата здравствена состојба.
Од преземени мерки и активности од ПС Струга било констатирано дека околу 21.00 часот на ливада на влезот во с.Мислодежда, струшко, при меѓусебна расправија на група на малолетни лица, тринаесетгодишник од с.Поум, струшко, му нанел убодна рана на шеснаесетгодишник од с.Мислодежда. Од тринаесетгодишниот малолетник со потврда било одземено џебно ноже за понатамошна постапка.
По целосно комплетирање и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во пешак
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната