Драма во телевизија: Вработен си ги пресече вените во канцеларија

Вистинска драма се одвиваше во просториите на Радио-телевизија на Федерацијата БиХ, кога 53-годишниот Х.Д., вработен во овој медиумски сервис во канцеларија се обиде да се самоубие.
Х.Д. 20 години работел како референт во Економската служба, и во понеделникот вечерта во својата канцеларија си ги пресекол вените, а преживеа благодарение на брзата интервенција на итната помош од Сараево, која на самото место му укажала помош.
Информацијата за самоповредувањето на Х.Д. кој две децении од својот живот работел на јавни набавки, ја потврди и Денис Напрта, раководител на Одделението за човечки ресурси на РТВ ФБиХ.
-Колку што знам немаше никави причини да направи вакво нешто, а мотивот сигурно не е од финансиски причини. Човекто доста патуваше со сопругата, беше стабилен. И како човек и како работник, но и во приватниот живот беше исполнет. Не можам да разберам зошто го направи тоа, рече Напрта.
-Таа ноќ кога тоа се случи отидов на Клиниката да го посетам. Го видов и многу ми беше жал. Знам дека беше домобилизиран бораец на Армијата на РБиХ и дека целата војна ја помина во Сараево. Причина може да биде поствоениот синдром, но не можам ништо да кажам додека не заврши истрагата, вели тој.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
