-->
-->
Драма во тетовско: Ловџии наместо дивеч застрелале случаен минувач
-->

Вчера утро околу 08.00 часот, помеѓу селата Горно Седларце и Камењане, додека А.Х.(51) од с. Горно Седларце ги шетал своите кучиња слушнал пукање од ловечка пушка, а потоа почувствувал болка и крварење во пределот на градите и стомакот. Истиот успеал да дојде до патот каде со автомобил поминал Д.М. (37) од истото село, кој го однел во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош.
Констатирани му биле повреди од шест сачми во пределот на градниот кош и абдоменот и бил задржан е на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
-

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?
-

Преглед на вестите од светот
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
