Драма во тетовско: Тракторист орал туѓа нива и се заканувал дека ќе ги убие
Вчера околу 13.40 часот во нива во атар на с.Долно Седларце, тетовско, додека А.Б. (44) од с.Голема Речица, тетовско, заедно со двајца пријатели изведувале земјоделски работи, неговиот роднина Ш.Б. од истото село работел со трактор на неговата нива, при што во два наврати навлегол во нивата на А.Б..
Поради тоа дошло до расправија помеѓу нив во која Ш.Б. извадил пиштол и му се заканил на А.Б. дека ќе го убие.
Во тој момент дошол таткото на А.Б. со неколку негови пријатели, по што Ш.Б. побегнал од местото.
Веднаш потоа А.Б. случајот го пријавил во ПС Тетово. Ш.Б. бил приведен во ПС Тетово и истиот го признал делото.
Со Потврда за привремено одземени предмети одземен му е пиштол марка М-57 калибар 7.62мм и една рамка со шест куршуми, кој го поседувал без дозвола.
Против истиот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.396 од КЗ на РМ- „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек