Драматична исповед на мајката на Јелена: Се уште го вртам нејзиниот број, не сакам да ја избришам...

„И сега го вртам нејзиниот број. И се јавувам по навика...Махинално ќе го притиснам нејзиниот брок, но од другата страна никој не ми се јавува. И така неколку пати од кога е убиена... Кога сакам да ја водам малата Јана во градинка или кога нешто ми треба...Несакам да ја бришам од именка, вели Зорица Крсмановиќ (53), мајката на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) од Борча, која ѕверски е убиена на 2 април.
Зорица вели дека телефонот на Јелена го зела полицијата откако го пронашла покрај нејзиното мртво тело.
-Знам и дека нејзиниот број во МВР е исклучен, но навиката ми остан. Често се слушавме, секако малку..Во именикот покрај бројот на Јелена е и бројот од нејзиниот сопруг Зоран, на кого му ѕвонам кога се договараме за Јана. Еден до друг за запишани и така и сега остана, раскажува Зораица, која вчера чекаше некого да ја однесе на гробот на Јелена.
Зорица вели дека на гробот на нејзината ќерка на гробиштата Збег во Борча оди и нејзиниот сопруг Зоран, а понекогаш и одат заедно.
-Оди и тој... носи цвеќе на гробот на Јелена. Слушаме разни приказни за Зоран. Не го бранам, но не можам да кажам лош збор за него. Кон мене е коректен, како и кон малечката Јана. Малечката Јана сака да оди кај него и да спие во нивната куќа. па поради неа ода кај нив, или тој ја носи кај мене. Само вели дека сака кај татко и и трча по него. Се слушам и се гледам и со родителите на Зоран. Еве, Зоран сега се договори со каменорезец во врска со споменикот. Ќе впиште стихови од песна, но незнам која, вели Зорица.
Мајката на Јелена вели дека завчера била на каналот каде е пронајдено телото на нејзината ќерка, но истакнува дека местото не е зараснато со троскот, туку дека има грмушки околу.
-Не стигнувам да одам таму зошто морам да одам и на гробот. Не можам веќе да го издржам сето ова. Ми доаѓа да одам во полиција и да ги прашам кога веќе еднаш ќе го најдат убиецот на мојата ќерка. Само да го најдат и да дознам зошто ми ја уби. Што му згрешила таа на Бога, очајна е мајката на убиената пејачка.
Зорица нагласува дека не сака да вперува прст кон никого додека истрагата не покаже зошто е убиена нејзината ќерка.
-Никогаш на никого не ми се пожали, за никакви судири и кавги. Може се доверувала на своите пријателки зошто јас поради крациномот и зрачењата лежев на онкологија 3 месеци и не знам што тогаш се случувало, вели Зорица.
Ново на Сител
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно




