Драматична одлука на Путин: Наредив соборување на авион со 110 патници

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во 2014 година наредил да биде соборен киднапираниот патнички авион, за кој имаше информација дека ќе исфрли бомба на отворањето на Зимските олимписки игри во Сочи.
Во документарниот филм „Путин“, емитуван синоќа на руската државна телевизија, рускиот претседател рече дека на 7 февруари примил повик од безбедносните служби одговорни за ЗОИ, непосредно пред церемонијата на отворање на Игрите.
- Ми беше кажано: Авион на пат од Украина кон Истанбул е под опсада, киднаперите бараат да слетаат во Сочи, изјави Путин.
Пилотите од турската авиокомпанија „Пегазус“ на аионот оd типот „Боинг“ 737-800, кој летал од Харков кон Истанбул, пријавиле дека еден од патниицте има бомба и оти авионот мора да го смени курсот кон Сочи, се појаснува во документарецот. Во авионот имало 110 патници, додека на стадионот, каде требало да почне церемонијата на отворање на ЗОИ имало 40.000 луѓе.
Путин рече дека побарал совет од руските безбедносни функционери, а директорот на руската разузнавачка агенција ФСБ Александар Бортњиков му рекол дека, според вонредните процедури, во слични ситуации е предвидено соборување на авионот.
- Реков: Постапете согласно планот, рече Путин и дополни дека веднаш потоа заминал на стадионот со функционерите на Меѓународниот олимписки комитет.
Неколку минути подоцна, Путин примил уште еден повик од директорот на ФСБ, кој му кажал дека било лажна тревога, дека патникот бил пијан и оти авионот продолжува да лета кон Турција.
На прашањето како се чувствувал откако го примил повикот, рускиот претседател вели: Подобро да не зборувам за тоа.
Ново на Сител
-

МВР демантира етничка провокација во случајот со сообраќајката на патот Скопје-Блаце
-

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
-

Миланов: Водата во Гостивар не смее да се користи до добивање на лабораториските резултати
-

Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“
-

Мортус пијан возач со 4,35 промили алкохол во крвта фатен во Делчево
-

Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
-

Две возила утрово опожарени на „Џон Кенеди“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Скопје го гради својот најголем еколошки штит
