Драмска работилница за деца во Капиштец
Децата од општина Центар ќе глумат и ќе гледаат театарска претстава на драмската работилница, која ќе се одржи денеска во 18:30 часот, во паркот Капиштец, во рамки на циклусот од седум настани „На одмор сум во Скопје сум - Општина Центар мисли на мене“.
Организатор е локалната самоуправа, а целта е на интересен и креативен начин да ги едуцираат децата за време на училишниот распуст и да поттикнат дружење на возрасните.
- Преку работилница ќе ја доближиме оваа уметност до најмладите. Да дознаат и научат што се треба да се направи за реализацијата на претставата преку поставување драмска игра и кореографија, наведуваат од Општината.
Во рамки на цисклусот досега се одржани две работилници - музичка и ликовна, на кои присуствувале по најмалку 200 деца.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија