Дрога од Венецуела фатена на скопскиот аеродром
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава од Царинската управа, донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори.
Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатувал во Македонија на 05.12.2018 година со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога – кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, а особено дека постои опасност осомничениот да избега и да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година