Другарките на ќерка ми од училиште нудат секс за 30 евра

Страшно! Малолетни девојчиња нудат секс со постари мажи на порно сајтови. Се работи за девојчиња од Србија, на возраст од 13 до 16 години, кои се логираат на порно сајтовите и бараат секс средби со постари мажи, а секако за возврат бараат пари.
Како што дознава српскиот портал Ало, девојчињата праќаат разголени фотографии и за нив бараат во просек од 30 до 50 евра. За ова раскажува татко чие дете се пожалило што прават другарките после училиште.
– Детето ми рече дека некои девојчиња на нејзината возраст имаат акаунти на порно сајтовите, па намерно отворив и најдов една девојка која ми звучеше како дете. Почна прилично вулгарно да ми опишува што би правеле, каков однос би имале, а кога ја прашав колку години има, без срам одговори 16. Се шокирав, а уште поголем шок следуваше кога и реков дека деца не ме интересираат, а таа ме праѓа што е тука страшно зошто да не се видиме, вели таткото кој останува анонимен.
За овој проблем зборува и психотерапевтот Зоран Миливојевиќ: – Децата во време на пубертетот гледаат порно сајтови и она што тука ќе го видат мислат дека е нормален однос на маж и жена. Потоа се подготвени да го прават тоа и во реалниот живот. Социјалните мрежи и Интернетот им го овозможуваат тоа, вели тој.
Неопходно е да им се објасни на децата додека се помали дека „непознатиот и страшен чичко на улица”, постои и на Интеренет, велат психолозите.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
