-->
-->
Друловиќ: Секоја серија има крај
-->

Македонската фудбалска експедиција пристигна во прекрасниот Минск каде во понеделник во 20.45ч го игра последниот квалификациски дуел за ЕП во Франција.
Вечерва се одржа единствениот тренинг на терените на ФФ на Белорусија а претходно прес конференција имаше селекторот Друловиќ и капитенот Шиков.
„Знаеме дека Белорусија имаше одличен резултат во Словачка и тоа екстра ќе ги мотивира домашните фудбалери што не значи дека се плашиме од оваа средба. Играме добро во одбрана и не очекувам дебакл. Напротив доколку искористиме некоја шанса можеме и да обезбедиме добар резултат...Ова е првпат во мојата кариера да доживеам четири порази во серија но се надевам дека секоја серија има крај. Работиме добро и затоа верувам во оваа селекција-изјави Љубинко Друловиќ кој во првиот тим за утре ги најави Тричковски и голманот од шведскиот Норчепинг, Митов кој треба да го заземе местото на Пачовски кој се повлече од националниот тим.
Инаку средбата се игра на стадионот на БАТЕ Борисов кој е на 70-тина километри од Минск.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
