Дрво откорнато при бура откри морничава тајна

Големо старо дрво во Ирска е откорнато за време на зимска бура, а ветерот откри скелет кој датира од средниот век.
Националната служба за споменици во Ирска го истражила случајот со скелетот кој е најден под дрвото во соработка со археолози.
Буковото дрво е старо 215 години, но се утврдило дека скелетот е многу постар. Истражувачите откриле дека е закопан на тоа место помеѓу 1030. и 1200. година.
Кога локалните жители му пришле на откорнатото дрво откриле горен дел од скелет на човек меѓу корените кои со дрвото се нашле надвор од земјата. Долниот дел од скелетот останал под земјата.

По испитувањето, утврдено е дека станува збор за машки скелет кој не бил постар од 20 години и кој бил убиен насилно, бидејќи на ребрата и на рацете се пронајдени траги од нож.
Скелетот го привлекол вниманието бидејќи датира од интересен историски период и поради специфичноста на откривање. Тој дава увид во период кој е познат по тежината на начинот на живот, а смртта пред дваесеттата година била честа појава.
Ново на Сител
-

Нацрт – предлог на ЕУ – за Албанија “патокази, за Македонија економски придобивки“
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амабасадор во Софија
-

Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови детали од планот на Фон Дер Лајен
-

Продапна уште еден обид за деблокада на реформите во Изборниот законик
-

Директорот на “Историски музеј” Крушево поднесе оставка по реакциите за спотот во “Македониум”
-

„Да оставиме пример, не ѓубре“ – голема еколошка акција во Скопје
