Македонија
4. April 2024 - 16:33

Државата ќе ја плати фактурата за лекувањето на Леонид Индов, за Јани бараат решенија

Од буџетот на државата, овие денови ќе биде платена фактурата од над 136 000 евра за лекувањето на Леонид Индов во Австрија. Ова за Сител го изјави министерот за здравство а информацијата ја потврдија и од Владата. Во меѓувреме, семејството на Леонид го чека и исходот од второстепената комисија во Фондот каде поднесоа жалба по одбивањето на првостепена да биде платен медицинскиот третман на Индов во Виена.

18 годишното момче кое е со трахеостома по повреда на одомр во Грција, пред два месеци со медиицнски хеликоптер беше транспортиран во Центар за рехабилитација во Австрија, а во нашата држава нема институција за третман на вакви пациенти.

На помош од надлежните чека и Јани Иванов кој подолг период е во Лариса. Министерот Демири вели бараат начини како да му помогнат и на Јани а неговите родители незнаат уште колку ќе издржат од донации.

- Сега од маскенбалот што беше организиран како хуманитарна активност, утре исто така има и турнир што е за Јани, и незнам, мислам дека финансии ќе има до крајот на април а за понатаму, вели Васил Иванов, татко на Јани.

И родителите на Леонид и родителите на Јани имаа средба со министерот за здравство а ветувањата беа дека прво ќе им помогнат со финансискиот дел а за после изборите да се најде и системско решение за вакви пациенти.

Апаратот за роботска рехабилитација во Козле се уште не е во функција, но со сегашната состојба на Леонид и Јани, двете момчиња не можат да бидат на третман во оваа установа.

И плаќањето на фактурата за Леонид и барањето на опција за Јани засега се само привремени решенија.