Државен натпревар по прва помош под мотото „Твоето незнаење чини живот“
Државен натпревар на екипите по прва помош под мотото „Твоето незнаење чини живот“ ќе се одржи денеска и утре во Битола, во организација на Црвениот крст.
Од Црвниот крст информираат дека на натпреварот ќе учествуваат 28 екипи. Натпреварот ќе се одвива во две траектории, на секоја ќе настапат по 14 екипи Ќе се работи на седум работни места од кои четири ќе бидат од првата помош на кои ќе бидат опфатени 12 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување, две работни места ќе бидат со забавно-рекреативен карактер и на едно место ќе има тематика за познавање од областа на дисиминација.
Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош ќе се одржи денеска кај градскиот парк во Битола, а прогласувањето на победници ќе биде утре на плоштадот Магнолија.
Ново на Сител
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
57 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат на болничко лекување двајца се уште се во критична состојба