Државен натпревар во симулирано судење на штипскиот Правен факултет
Правниот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“ денеска беше домаќин на финалниот натпревар во Симулирано судење, на кој учествуваа пет тима од сите Правни факултети во земјава.
Универзитетскиот професор на Правниот факултет-Штип Лазар Нанев вели дека овој проект се реализира од почетокот на годинава со фиансиска поддршка на мисијата на ОБСЕ.
Посочи дека целта е студентите на петтте Правни факултети во Македонија заеднички да ги споделат најдобрите практики и теоретски знаења, кои се однесуваат на примената на новиот закон за кривична постапка.
- Имавме можност во изминатиот временски период студентите на овие Правни факултети заедно со нивните ментори и професори да ги изучуваат најдобрите начини на кои се врши презентација со симулирано судење, бидејќи сметаме дека симулираното судење е една од најдобрите форми преку кои може да се пренесе знаењето кон студентите, вели Нанев.
Смета дека практичната настава преку симулирани судења ќе овозможи на студентите да ги подобрат перфомансите на правосудниот систем во земјава, кој што како што рече трпи сериозни критики како од домашната, така и од меѓународната јавност.
Петте тима на Правните факултети во земјава имаат симулирани судења за случаи од областа на финансиски криминал, убиства и тешки кражби, а во денешното финале тимовите се оценуваат од страна на судии од Врховниот суд на Македонија. Студентите ќе се оценуваат во две категории во ораторски способности, квалитетот на поставените прашања, комуникациските способности и во квалитетот на формата и содржината на списите од предметот.
Студентот Иван Ангеловиќ од Правниот факултет во Штип вели дека натпреварот по симулирано судење е одлична можност студентите да го покажата своето знаење, но и да бидат подготвени за влегување во судница, без разлика дали ќе бидат адвокати, обвинители или судии.
Ново на Сител
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет
-
Кремљ соопшти дека во оваа фаза не е планирана средба меѓу Трамп и Путин во Саудиска Арабија
-
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
-
Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција
-
Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило
-
Палчо бил мемориран како „Царот“ во телефон на Кешишев
-
Во Брисел утре состанок на министрите за надворешни работи на НАТО