-->
-->
Државен удар во Турција: Авиони и хеликоптери летаат над Анкара
-->

Авиони и хеликоптери ја надлетуваат Анкара поради истрели во турската престолнина, јавува Ројтерс.
„Раша Тудеј“ ги пренесува изјавите на сведоци,кои на друштвената мрежа Твитер истакнале дека властите блокирале и два моста во Истанбул, како и дека се гледале авиони кои ја надлетуваат таа област.
Дел од војската се обидува да изведе државен удар, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим. Тој истакна дека безбедносните сили прават се како би го решиле проблемот.
Спутник пишува дека во тек се необични воени активност и дека им е јавено на сите полициски и воени лица кои се во Анкара да се јават на рапорт. Исто така, според неофицијални информации, воен хеликоптер отворил оган во близина на зградата на разузнавачката служба.
Светските медиуми наведуваат дека во тек е голема воена операција во провинцијата Хатај, на југот на Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници