Државите кои ги олеснија мерките, стравуваат од нови кластери на заболени од вирусот
Земјите кои најмногу се погодени од коронавирусот во Азија, Европа и Северна Америка се борат со тоа да ги олеснат мерките за бизнисот и јавната активност без да предизвикаат повторен бран на вирусот. Во Јужна Кореја, локалните власти на главниот град Сеул вчера затворија повеќе од 2100 барови и други ноќни клубови откако се појави нов кластер на заболени од коронавирус.
Вирусот повторно изби и во кланици во Германија, а италијанските власти се загрижени дека граѓаните се собираат во кафулињата на првиот викенд по олеснувањето на мерките и дека со тоа може повторно да се јават нови кластери.
Во Соединетите Американски Држави тројца членови на тимот за борба против коронавирусот на Белата куќа се позитивни на Ковид19. Вестите за нивната одлука за самоизолација доаѓаат во исто време кога бројот на заболени во светот надмина четири милиони луѓе, а повеќе од 280 000 умреа. Американските бизнисмени продолжуваат да бидат во тешка состојба и покрај тоа што многу држави постепено ги намалуваат рестрикциите во обид да го намалат економското назадување предизвикано од невработеноста која достигна 14,7 отсто.
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина