Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
Државјанин на Северна Македонија, кој издржувал затворска казна, но по добиената неколкудневна дозвола за излез пред три месеци, не се вратил во затвор, уапсен е во централниот дел на Пелопонез по извршена кражба во дом заедно со уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за 45-годишен маж со „богато“ криминално досие во Грција, а во грчките медиуми и во минатото се споменуваше, но и сега дека учествувал во киднапирањето на бродосопственикот Периклис Панагопулос, во јануари 2009 година.
Како што соопштија од грчката полиција, двајцата, сега веќе уапсени странски државјани, вчера наутро насилно влегле во дом во општина Триполи на Пелопонез, под закана со оружје (реплика) и нож и со употреба на сила нападнале три лица, ги врзале, одзеле поголем износ на пари и накит, а потоа побегнале.
Едниот веднаш бил уапсен, додека пак другиот успеал да побегне, но по организираната акција на полицијата бил пронајден во планинско подрачје.
Двајцата се товарат за учество во криминална организација, кражба, фалсификување, фалсификување потврди, за прекршување на законската регулатива за поседување оружје, додека пак 45-годишниот е обвинет и за бегство од затвор.
Уапсените се превезувале со изнајмен автомобил на кој му ставиле украдени регистарски таблици, а при претресот на возилото било откриено оружјето, како и фалсификувани лична карта и возачка дозвола изадени во Хрватска.
Кај двајцата биле пронајдени и украдените пари и накитот.
-Како што беше констатирано, уапсениот 45-годишен маж од 25 јануари 2024 година ги прекршил условите за дозволата за излез што му беше доделена од Управата за затворот, соопштија од грчката полиција.
Според информациите на дописничката на МИА од Атина, едниот уапсен е Албанец, а другиот, 45-годишниот е државјанин на Северна Македонија, кој издржува затворска казна за кражби на банки во Грција, извршени пред над десет години, а неговото име се споменува и во киднапирањето на грчки бродосопственик пред 15 години.
Ново на Сител
-
Велешанец на граница фрлил кутија од цигари во која имало дрога
-
Девојче, жена и маж се повредени – со возило излетале од пат кај Страцин
-
Папа Франциск: Трамп и Харис се „против животот“, гласајте за „помалото зло“
-
Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина
-
Приведен прилепчанец затекнат при кражба во викендица
-
Искрење од жици, запалена трева, стрниште и плевна причини за пожари - кривични за 4 битолчани
-
Формирано ново одделение за сериозен и сложен криминал во ОЈО Скопје
-
Потпишан Меморандум за соработка на централните банки на Македонија и Косово