Државната опера и балет од Измир ќе гостува на Танц фест

Државната опера и балет од Измир, Турција, на 11 април ќе настапи во Македонскиот народен театар во рамки на фестивалот Танц фест 2016. Со дваесетина ексклузивни танчери турскиот балет ќе настапи со претставата „Боите на танцот“ во кореграфија на Мехмед Балкан, а на музика на Ерим Ардал и Ј. С. Бах.
Мехмед Балкан е еден од најзначајните кореографи, не само во Турција, туку и на европската танцова сцена. Како млад танчер Балкан е добитник на награда на Светскиот балетски конкурс во Варна, по што развива светска танчерска кариера и настапува и на сцената на Метрополитен во Њујорк. Тој е долгогодишен уметнички директор, меѓу другото и на Националниот балет од Лисабон, Португалија, и како кореограф има остварено соработка со голем број значајни светски танцови ѕвезди и кореографи. Во моментов е главен кореограф и раководител на Националните балети во Турција како дел од Директоратот за култура во Анкара.
Во Турција постојат шест Државни опери и балети, кои се на исклучително високо уметничко и професионално ниво, со долгогодишна традиција.
Државната опера и балет од Измир е основана во 1982 година. Таа е една од најголемите уметнички институции во земјата, со голем број продукции. Оваа уметничка куќа ја промовира уметноста на танцот во својот регион и е предводник во запознавање на пошироката публика со танцот.
Балетот при Државната опера и балет од Измир, има остварено голем број турнеи во Турција, но и надвор од неа, секогаш со голем успех, заради високиот уметнички квалитет на продукциите и на танчерите, посочуваат од Танц фест. Нивните продукции се прикажуваат во Кипар, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Кина, Босна и Херцеговина, Јапонија, Пакистан.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
