Македонија
8. October 2016 - 19:58

Државниот архив подготвува публикација за национализацијата на приватните имоти во Тетово

Тетовското одделение на Државниот архив на Македонија подготвува публикација за национализацијата на приватните имоти поради национализација во периодот од 1958 до 1963 година. Во неа ќе бидат опишани 3800 предмети на одземани имот за изградба на инфраструктура и институции во градот. 

Следната публикаација која се подготвува се однесува на легализација на објекти во тетовско. 

Граѓаните наскоро ќе имаат можност да ги набавуваат изданијата на Архивот. 

Тетовското одделение на Државниот архив води грижа за вкупно 260 иматели на архивски материјал од полошкиот регион. Одделението врши евидентирање, преземање, чување, заштита, како и користење на архивскиот материјал за потребите на граѓаните