Државниот министер во грчката Влада најави набавка на дронови за заштита од шумски пожари
Користење на најсовремени технологии во заштитата од шумските пожари преку набавка на над 100 дронови за следната година, најави државниот министер во грчката Влада Акис Скерцос во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Скерцос објасни дека во националната програма за цивилна заштита вклучено е и купување дронови за воздушно набљудување, за што државата ќе објави тендер, а од следната сезона на пожари, Грција „ќе биде опремена со над 100 дронови како оние што ги користат армијата или крајбрежната служба“.
За вработените во полицијата, противпожарната и крајбрежната служба, државниот министер рече дека бројот е зголемен за 5,5 отсто, односно за 4. 166 лица.
Објасни дека во 2019 година воздушните средства за гаснење пожари биле 61, а сега се 89, од кои 40 државни и 49 изнајмени.
Ново на Сител
-
Во Прилеп денеска е ден на жалост
-
Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство
-
Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка
-
Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
-
Раководството на Реал Мадрид незадоволно од настапите на тимот
-
Вавринка со историско достигнување
-
В недела локални избори во Босна и Херцеговина