-->
-->
Државно првенство со афирмација на бадмингтонот
-->
Шест клуба (Инекс, ВИП, Марива, Никола Карев, Победа и Пикок) се натпреваруваа во финалното коло на државното првенство во бадминтон. Во сезона 2016/2017 клубовите се натпреваруваа во кадетска, јуниорска и во конкуренција на ветерани.
Поедниечно државни шампиони во конкуренција на кадети станаа Александар Стаменов во машка и Марија Манчевска во женска конкуренција. Првите места во јуниорска конкуренција ги освоија Петар Живковски и Ина Стефановска.
Ветераните се натпреваруваа во конкуренција на машки, женски и мешани двојки. Првите места ги освоија Марјан Спасов и Марјан Стојановски (машки двојки), Лидија Илиева и Весна Чавировска (женски двојки), односно Дарко Апостолов и Лидија Илиева (мешани двојки).
Инаку секој од клубовите кои учествуваше на државното првенство, со цел да го афирмира овој спорт во Македонија, во кадетска конкуренција, вклучија и повеќе училишни аматерски клубови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
Истрагата за пожарот - убиец проширена со седумина полициски службеници
-
Притвор за приведените полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Владата препорачува утре да биде неработен ден во Кочани
-
Манев: Палчо запали цигара откако ја закопавме Вања, ги чистеше лопатите со спреј за да прикрие траги
-
Приведени 7 полициски службеници