Македонија
8. March 2022 - 21:09

Државното правобранителство ги осудува последните шпекулативни напади врз институцијата

Државното правобранителство на Република Северна Македонија остро ги осудува последните шпекулативни напади врз институцијата.

Основната надлежност и задача на Државното правобранителство е одбрана на државата во голем број судски постапки односно над 200 илјади предмети од кои 65 000 се само во подрачје Скопје. При толкав обем на предмети се соочуваме со недостаток на кадар или премал број на стручни лица и затоа се ангажираат лица на договор за дело за месечен хонорар и целосно законски, бидејќи институцијата нема финансиска согласност за вработувања на потребниот стручен кадар.

Посочуваме дека објавувањето лични податоци на граѓани е крајно неетички и неморален чин и претставува повреда на Законот за лични податоци.

 

Државно правобранителство на Република Северна Македонија