ДС: Македонија една изборна единица
Во врска со најавите за можни предвремени парламентарни избори, Демократскиот сојуз, ја афирмира идејата за тоа Македонија да биде една изборна единица.
Демократскиот сојуз смета дека за демократизација на државата и демонтажа на “еднопартискиот систем”, треба да се направи голем исчекор, а тоа е да се промени Изборниот законик, со кој ќе се определи Македонија да биде една изборна единица.
Само со една изборна единица составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните и ќе се зголеми одговорноста на извршната власт, како и влијанието на граѓаните при носењето на битни одлуки за перспективите на државата.
Постојниот изборен модел со шест изборни единици, промените за финансирање на политичките партии, медиумската презентација, редоследот на партиите на гласачките ливчиња, составот на избирачките одбори, Државната изборна комисија и сл., ги форсира двете партии, ВМРО -Д0МНЕ и СДСМ, овозможувајќи им 28 години да бидат на власт, без било какви шанси и можности да дојде трета партија на власт.
Демократскиот сојуз смета дека треба прво да се направат измени во Изборниот законик и да се обезбедат исти предуслови за фер политички натпревар, па после тоа да се организираат парламентарни избори.
Демократскиот сојуз ги повикува сите помали партии заедно да се ангажираме и се избориме за фер услови за политички натпревар.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата