Дубаи го гради најголемиот соларен парк во светот!

Државната комунална фирма во Дубаи ја завршила работата на соларната електрана со сила од 200 мегавати, еден месец порано од што било предвидено во планот да до 2030 година се изгради најглемиот соларен комплекс на светот.
- Првично било предвидено соларната електрана во вредност од 327 милиони долари да бид завршена во април - изјавил Сед Мохамед Ај Тајер, извршен директор на оваа комунална фирма.
Ал Тајер изјавил дека Управата за електрична енергија и вода Дубаи ќе откупува енергија од оваа електрана по цена од 5,6 центи по киловат-час.
Дубаи планира до 2030 година да го заврши соларниот парк со капацитет од 5.000 мегавати во напор да го намали користењето на природен гас како главен извор на електрична енергија. Соларната централа, која започнала со работа во понеделникот ќе произведува доволно електрична енергија за снабдување на 50.000 домови
Обединетите Арапски Емирати, кои држат околу 6 посто од светските резерви на сирова нафра, планираат до половината на овој век да потрошат 151 милијарда евра) на обновување на изворите на енергија.
Ново на Сител
-

Како општество, треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост, вели Јаневска
-

Тошковски: Злоупотребите на боледувањата треба да се стават под контрола, но со почитување на законите и човековите права
-

Утре во Скопје терестрична дезинсекција против ларви од комарци
-

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар
-

Тошковски: Запленети 680 килограми стебла канабис, одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата
-

680 килограми стебла канабис одземени од нелегална плантажа во струмичко
-

Приведен кумановец, во неговиот дом пронајден пиштол
-

При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
